Галатасарај изненадувачки не успеа да победи на свој терен против екипата на Корум во дуел од првото коло на новата сезона во турското првенство. Актуелниот турски првак се намачи и со гол во 90 минута се спаси од пораз. На крајот, дуелот заврши 2:2.
Овој меч е значаен за македонската фудбалска јавност, затоа што во дресот на турскиот гигант дебитираше Газимчан Караташ...